Уште четири животи згаснаа, со што црната статистика на жртви на коронавирусот во земјава надмина 300. Само во последите 24 часа, според податоците од министерството за здравство, впишани се уште 126 новозаразени од КОВИД 19,од кои најмногу во Скопје 66.Оздравени се 48 пациенти..

И клиниките што функционираат како ковид центри во главниот град се полнат, па во Инфективна, „8-ми септември“ и во детската болница – Козле, околу 260 заразени лежат во болнички кревет поголемиот дел од нив имаат потреба од кислородна поддршка, а 11 се борат за живот, приклучени на респиратор.

Здравствените власти големата стапка на смртност од вирусот во земјава ја правдаат со посмртното дијагностицирање, ама и со тоа оти пациентите не доаѓале на време во болница и покрај препораките на матичните лекари. Со ова не се сложуваат матичните лекари кои велат дека на терен ништо не укажува на непослушност на пациентите.

Ние матичните лекари сме во постојана комунација, не би се согласила. Министерот и службите ги имаат бројките, но на терен сликата не е таква. Сите ние сме достапни и максимум даваме, а и свеста на граѓаните е на многу повисоко ниво. Дали е толкава бројката на пациенти што не водат сметка за своето здравје е тема за размислување, но ако навистина е тоа така, треба да се бараат причините.

Министерот Филипче претходно посочи дека има многу пациентите што починале поради тоа што не се јавиле на време во болница, па кажа дека близу 30 проценти од смртните случаи доцна биле хоспитализирани.