June 30, 2020

Писмо на бизнисменот Давидовиќ во врска со објавениот разговор меѓу него и Кичеец Писмо на бизнисменот Давидовиќ во врска со објавениот разговор меѓу него и Кичеец

Писмо на бизнисменот Давидовиќ во врска со објавениот разговор меѓу него и Кичеец - МИА

Писмо на бизнисменот Давидовиќ во врска со објавениот разговор меѓу него и Кичеец June 30, 2020 Политика Скопје, 30 јуни 2020 По повод многу неточни и злонамерни написи објавени во последните денови во одделни медиуми во Република Северна Македонија, имам лична и професионална обврска да ја соопштам вистината во врска со снимениот разговор, кој го имав со бизнисменот Зоран Милевски. Бизнисменот Зоран Милевски го запознав преку угледен белградски бизнисмен, кон крајот на 2016 година. Г-дин Милевски ми е препорачан како сериозен деловен човек од Македонија, кој е во можност да ми ја пружи потребната поддршка и логистика, поради што и го ангажирав како консултант, преговарач и посредник, во деловни проекти кои сакав да ги реализирам во Република Северна Македонија. Како сопственик на голема површина земјиште во општина Штип, на Брегалница, кое по својата локација е погодно за изградба и работа на мини хидроелектрана и паркови за енергија од ветер, постигнав договор со познати австриски и кинески компании, кои беа подготвени да обезбедат финансиски средрства за реализација на овој проект, додека моја обврска, како сопственик на земјиште, беше да обезбедам градежна дозвола и сите останати документи, потребни за реализација на овој проект. Со оглед дека во конкретниот случај се работеше за проект од повеќемилионска вредност, износот од 300.000 евра на име услуги консалтинг, посредување, логистика и застапување пред надлежните органи во Република Северна Македонија, не беше несразмерен со толку голема вредност на проектот. Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е само цел деловно да ме дискредитира и да се обиде да ја спречи реализацијата на започнатите деловни проекти во Република Северна Македонија. Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на г-динот Зоран Милевски во времето на Владата на г-динот Никола Груевски, а не во Владата на г-динот Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани. Г-дин Милевски, и покрај сите ветувања и преземени обврски, не успеа да обезбеди ниту една дозвола, ниту презеде какви било активности за реализација на проектот во Општина Штип, единствено што стори за мене е што ми организираше состанок со премиерот г-динот Зоран Заев. Точно е дека на состанокот со премиерот г-динот Зоран Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми е дека сите концесии за овој вид дејност се по повластени тарифи, веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата, г-динот Драги Рашковски да му проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект. Евидентно е дека г-дин Милевски не исполнил ниту една преземена обврска, како и дека не сум реализирал ниту еден деловен проект, така што огромните парични средства што ги вложив во недвижности останаа неактивни и заробени во Република Северна Македонија, поради што не остварив никаква корист, што се укажува дека квалификациите на одредени медиуми, дека во овој случај се работи за мито, се неточни и злонамерни, и само и штетат на оваа држава, бидејќи ова е лоша порака на сите странски инвеститори, кои сакаат да инвестираат во Република Северна Македонија. Срдечен поздрав за Република Северна Македонија, Миодраг Дака Давидовиќ ______________________________________________

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar