July 28, 2020

No title

Министерство за култура: Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството

Министерството за култура најостро реагира на соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, дистрибуирано до медиумите на 27.7.2020 година, од страна на нивната  ПР агенција „ Навигаторс”.

-Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор за управен и  инспекциски надзор. Воедно со соопштението  јавноста е донесена во заблуда бидејќи иницира дека содржината на истото е подготвена и проследена во соработка и со согласност на Министерството за култура, велат од министерството.

Министерството за култура, односно Секторот за управен и инспекциски надзор не е орган кој наложува запирање на истрага која е предмет на работата на друг надлежен орган – Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Информираме дека Секторот за управен и инспекциски надзор, Записникот од извршен вонреден инспекциски надзор со наод на утврдената фактичка состојба во Агенцијата за филм го достави  до Државната комисија за спречување на корупцијата на натамошно постапување согласно нивните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, велат од министерството.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar