July 31, 2020

Евтини кредити за фирмите: Преку Развојна банка ќе се вбризгаат 25,6 милиони евра во стопанството

Развојната банка повлече половина од 50 те милиони евра од Европската Инвестиција банка, пари кои се наменети за домашните компании. Со нив ќе се поддржат 105 различни проекти, кои ќе овозможат вработување на 145 лица, информираат од банката. Станува збор за поволни кредити, со камата од 1,6%, кои ќе се распределуваат преку 6 комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор.

Најголем дел од овие средства, 40 отсто или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16 проценти или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или 8 проценти, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9 отсто, соопштуваат од Развојна банка.

Наредниот месец, односно во август ќе бидат повлечени и останатите средства во вредност од 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши, велат од Развојната банка. Инаку до сега од кредитната линија од ЕИБ вредна 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,5 милиони евра. Со овие пари се поддржаа 250 проекти на домашни компании и се вработија  629 лица.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar