August 2, 2020

Граѓаните ги продаваат туристичките ваучери?

Туристичките ваучери кои ги делеше државата се продаваат на интернет за половина цена.

Граѓани ги продаваат 6000 денари вредните ваучери за туризам, кои можат да се искористат за одмор во некои од туристичките дестинации во земјава. Во сторијата на ТВ Алсат се открива дека на специјализираните интернет-страници за продажба се нудат и овие ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.

Според информациите на телевизијата, исто така, наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.

„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, вели за Алсат, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

Дел од граѓаните ги нуделе на продажба и картичките „купувам домашно“ со цел да добијат пари во кеш.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar