September 1, 2020

Археолошки сознанија: Бедемите на античката насеба „Колобаиса“ на Трескавец може да му обезбедат спас од пожари Археолошки сознанија: Бедемите на античката насеба „Колобаиса“ на Трескавец може да му обезбедат спас од пожари

Археолошки сознанија: Бедемите на античката насеба „Колобаиса“ на Трескавец може да му обезбедат спас од пожари August 31, 2020 Општини Прилеп, 31 август 2020 () – Прилепските археолози ја почнаа втората фаза од археолошките истражувања на античкиот локалитет „Колобаиса“ кај Трескавец, а конзервоторите ја почнаа заштитата и на досега откриеното во изминатите 11 години, на западната страна од локалитетот. Античката населба, со прекини, е активна од првиот до четвтиот, а потоа од петтиот до седмиот век, досега донесе сознанија дека токму на Трескавец се основите за ова светилиште, а со новите сознанија за источната страна наречена „Мала порта“, се откриваат и други фасцинантни податоци. Особено со заштитните ѕидови и античките патишта во околината. Според археологот Бранко Ристески од Инситутот за старословенска култура откритијата фасцинираат. – Со годинашниве истражувања во целост ги откривме сочуваните остатоци  од источниот бедем на античката населба „Колобаиса“ и остатоците од средновековниот комплекс поврзани со втората зона на манастирот „Успение на пресвета Богородица“. А откривањето на источните сегменти од античката населба „Колобаиса“, истовремено ја разјасни хронологијата на внатрешните комуникации во рамките на заштитеното подрачје Маркови кули. До крај се разјасни комуникацијата во античко време на овие простори – од една страна од Колобаиса спрема Марковите кули, а од друга страна кон планината Баба, вели Ристески. Идејата е овој комплекс да се стави во функција на заштитеното подрачје Маркови кули, но и манастирот да се заштити од непогоди, главно пожари, а да биде атрактивен за посетителите. -Со сите овие интервенции, истражувања и конзервација, идејата е комплексот да се стави во поширокиот контекст на заштитеното подрачје Маркови кули, да се заштити од влијанија, непогоди, посебно од пожари и да биде атрактивен за туризмот и за посетителите, зашто ги има од целиот свет, објаснува археологот Ристески. Конзерваторот-советник, архитектот од прилепскиот Завод и музеј Илија Ристески објаснува дека ќе се конзервиваат-заштитните бедемите кои се брана и заштита за Манастирот и ќе помогнат за негова ревитализација. -Главно станува збор за превентивна заштита со заштитна фуга на бедемите за да се спречи распаѓањето. Ова ќе помогне за поцелисходно изготвување на техничката документација за заштита, за заживување на манастирот Трескавец, за негова ревитализација, за заживување на монашкиот живот, на туризмот и секако, за физичка заштита на Трескавец од пожари што е дел од документацијата  за противпожарната заштита на објектот, вели конзерваторот-советник, архитект Илија Ристески. На античкиот локалитет „Колобаиса“ се истражува од 2008 година, кој понуди артефакти дека од почетокот на новата ера на Трескавец местото било светилиште со населба за живеење, а од петиот век и со бедеми за  заштита од наезда на други продирања од север. Сега се конзервираат и бедемите од западната страна, пред главниот манастирски влез каде била и главната порта во античката населба. Инаку, по седум години од катастрофалниот пожар на Трескавец, конаците целосно се изградени, остануваат уште проблемите со нерешеното прашање за водоводот до манастирот и со напојувањето со електрична енергија. Обновата на бедемите, пак, може да му донесе заштита на Трескавец од пожари.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar