„Само што ја потпишав одлуката на албанската влада да донира 250.000 евра на братска Хрватска за да помогне во оживувањето на Петриња по разорниот земјотрес“, напиша Рама на Твитер.

„Хрватска е пример за издржливост и е модел за нејзината неверојатна трансформација во горда држава на Европската унија“, додаде албанскиот премиер, чија земја во ноември минатата година ја погоди разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа 51 лице.

Хрватска потоа испрати спасувачи и кучиња трагачи во Албанија, а на меѓународната донаторска конференција организирана од Европската комисија донира милион евра за обнова на здравствената и образовната инфраструктура.