January 16, 2021

Гратис Викенд скијање на Пелистер

Почна сезоната за скијање на Пелистер, викендов гратис

Почнува ски сезоната на Пелистер, како во ски центарот Нижеполе така и Копанки. Овој викенд ски лифтот и жичарницата ќе бидат бесплатно.

ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски-центарот Нижеполе информира дека од денеска ќе започне пробно скијање на патеката, а утре ќе  има промотивно скијање.

„Ги очекуваме сите љубители на скијањето, значи двата дена од викендот гратис користење на ски-лифтот. Во зависност од условите ќе ве известиме за тоа дали ќе има ноќно скијање“, велат од ски-центарот Нижеполе.

Од денеска почнува со работа и ски-центарот Копанки информираат од ЕСМ. Од таму соопштија дека на жичарата ќе има бесплатно возење од 9 до 16 часот, но предупредуваат дека услови за скијање има на дел од патеката.

„Во очекување на новите врнежи од снег и создавање на идеални услови за скијање,  ве молиме за прилагодување на условите на скијалиштето поради вашата безбедност, со оглед на тоа што на дел од ски патеката Копанки се создадени само минимални услови за скијање“, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar