January 22, 2021

АКТЕРКАТА МИРА ФУРЛАН ПОЧИНА НА 65 ГОДИНИ

АКТЕРКАТА МИРА ФУРЛАН ПОЧИНА НА 65 ГОДИНИФурлан почина во САД, каде што се пресели во 1991 година

Мира Фурлан, една од најголемите ѕвезди на југословенскиот филм во 1980-ите, почина на 65 години, беше објавено на нејзиниот профил на Твитер. Таа починала во САД, каде што живееше подолго време.

Фурлан е родена во 1955 во Загреб, каде што дипломирала глума на Академијата за драмски уметности и во 1978 станала членка на Хрватскиот народен театар. Филмското деби го имаше во „Киклоп“ во 1982, за што освои Златна арена за најдобра споредна улога на Филмскиот фестивал во Пула, по што стана една од водечките југословенски актерки и еден од најголемите секс симболи. Во 1986 беше наградена и со Златна арена за најдобра актерка за „Убавината на порокот“.

Од крајот на 1980-ите главно работеше во Белград, а во 1991 се пресели во САД, каде што продолжи да глуми, остварувајќи ги најзабележителните улоги во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“. Авторот на серијата „Вавилон 5“, Мајкл Страчински, ѝ оддаде почит на Фурлан на Твитер, додавајќи дека знаел дека нејзината здравствена состојба се влошувала во последно време.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar