Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница постави прашање до премиерот Зоран Заев во врска со конкурсот за попишувачи на претстојниот попис, кој беше објавен на страниците на неколку општински организации на СДСМ.

Николоски праша по која методологија ќе се избираат овие кандидати и кој критериуми ќе се користат при поделбата на бројот на кандидати помеѓу владините коалициони партнери.

Видовме дека на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден се појавија бројни споделувања од страна на општински организаци на СДСМ во однос на јавниот повик за номинирање на кандидати коишто би биле попишувачи за претстојниот попис којшто ние го оспруваме, со чијашто методологија не се слагаме и за што се спротвставивме и тука во Собранието, а во моментов собираме и потписи со цел поднесување на закон тука во Собранието со којшто ќе се укине овој закон за попис.

 

Имајќи предвид дека се појавија вакви објави во социјалните мрежи, ќе морам да бидам малку ироничен, затоа што мислам дека тука човек тешко дека може да добие сериозен одговор, па еве сакам да го прашам претседателот на Владата и секако претседател на СДСМ, по која методологија општинските организации на СДСМ ќе ги бираат попишувачите дали по тоа кој колку членови ажурирал во изминатиов период или кој колку гласови донел на претходните избори. Која ќе е процентуалната застапеност на коалиционите партнери на СДСМ во бројот на попишувачи, колку ќе добие на пример ДУИ, колку БЕСА, колку ќе добие ЛДП и така натака. И дали ќе има исто така и родова застапеност во истите со цел некој да не биде навреден – праша Николоски.

Као дополнивање на прашањето, Николоски побара од Заев да посочи барен една држава членка на Европската Унија која огласите за кандидати за попишувачи ги бара преку општинските организации на владејачката партија.

Сакам да го прашам претседателот на Владата дали знае земја, држава членка на Европската Унија, каде што сакаме да се зачлениме, во којашто кога се врши попис општинските органиации на владејачката партија ги објавуваат тие огласи и повикуваат луѓе да се кандидираат на истите – дополни Николоски.