February 26, 2021

Полицајци го спроведоа Мијалков од куќен притвор во Кривичен за да ја слушне пресудата за прислушувањето

Со полициска придружба од домашен притвор во Основниот кривичен суд Скопје пристигна обвинетиот Сашо Мијалков за да ја слушне пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar