March 1, 2021

Каков е животот во земјите што станаа пример за вакцинирање на жителите против Ковид-19?

Каков е животот во земјите што станаа пример за вакцинирање на жителите против Ковид-19?

Од Си-ен-ен разговарале со Лорен Кент и Сем Кајли, кои живеат во Обединетото Кралство и Израел, соодветно, за да се види каков е животот во моментов во земјите кои станаа пример за вакцинирање на жителите против Ковид-19.

Како што објаснува Кајли, во Израел е забрането јадењето во ресторани на затворено, но дозволено е јадењето на отворено, па жителите го користат тоа. Во рестораните што нудат храна гостите седат на пластични столови, а гајбите за пиво ги користат како маси.

Во земјата делумно се укинати мерките за заштита од коронавирусот што вклучуваат ограничување на движењето, па жителите одат на прошетки и се сретнуваат со пријателите, а се отвораат и училиштата во региони со мал број заразени лица. Повторно има метеж на улиците и полека се отвораат и продавниците што не се „основни“.

Израел предводи во поглед на вакцинирањето против Ковид-19. Над 4,5 милиони жители ја примиле барем првата доза, а 3,1 милиони жители ги примиле двете дози. Владата планира да вакцинира над 70% од жителите за да постигне колективен имунитет, иако има жители кои одбиваат да се вакцинираат, вели Кајли.

Во Тел Авив некои ресторани нудат бесплатни пијалаци или храна за оние што ќе се вакцинираат, а владата најавила дека луѓето ќе може да одат во вежбалници и слични места само доколку се вакцинирале против коронавирусот.

Во Лондон, исто така, почнуваат да се забележуваат промени, објаснува Кент. Над 18 милиони луѓе во Обединетото Кралство ја примиле првата доза, а хоспитализациите се намалиле за 20% минатата недела во споредба со претходната. Досега многу лондончани имаат родител или постар роднина што добил две дози од вакцината.

Се планираат олеснувања на мерките за ограничено движење, но британскиот сој предизвикал нов бран на ширење во земјата, па затоа многу жители го напуштаат Лондон и привремено заминуваат со семејствата во предградијата, а некои засекогаш се отселиле од градот. Сепак, се гледа светлото на крајот од тунелот бидејќи владата го спроведува планот за вакцинирање на сите возрасни лица до крајот на јули, вели Кент.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar