March 2, 2021

Ваква апликација навистина е срам за македонскиот IT сектор: Програмерката го повикува ДЗС да ја контактира

Програмерката која вчера откри сериозни пропусти во системот за самопопишување, денеска има нова објава на ФБ во групата Сојузен комитет на Програмери на Република Македонија во која посочува дека самата регистрацијата има многу пропусти, односно дека има само еден степен на заштита. Вели дека ниту и стигнала порака на мобилен, ниту и било побарано да ја впише адресата во странство.

-Како и да е јас и други од групата тестиравме и посочивме на проблемот. Со тоа се надевам ќе спречиме милион други да ја злоупотребат апликацијата и со тоа да направат проблем и за себе и за државата. Верувам дека не е прекршок да тестираш и да објавиш. Прекршок е доколку увидиш грешка да ја злоупотребиш и да го криеш проблемот. Плус ова апликација ја прави приватна фирма која ја плаќа државата. Тоа се пари од нашите даноци. Зошто никој не напиша за законската одговорност на фирмата и дека ќе се провери дали толку многу пропусти се намерни или од незнаење? А и ваква апликација навистина е срам за македонскиот IT сектор, пишува таа во објавата.

По нејзиното првично укажување, ДЗС преку соопштение, а во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, порача дека самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.-Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон. До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, се истакнува во соопштението на ДЗС.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar