June 20, 2021

ДОДЕКА НЕ’ ЛАЖАТ СО СЕВЕРНА И ЈУЖНА КОРЕЈА, СТАНАВМЕ “СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“ БИДЕЈЌИ ДРЖАВА “ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА“ НЕМА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ
Универзално правило е: Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата, го менува идентитетот на нацијата, затоа што националноста по автоматизам произлегува од името на државата!
Но, промената на името на државата и идентитетот на нацијата, за цел свет претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз народот и злосторство против човештвото! За таква “операција“ следи револуција за пад на власта која тоа го извршила или смртна пресуда можеби доживотен затвор со конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството!
Ајде да разобличиме една заблуда во врска со промената на името на државата.
Претходно, да не заборавиме, дека во времето на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, СДСМ за членовите на ВМРО-ДПМНЕ велеше дека се бугараши или бугарофили, ВМРО-ДПМНЕ за членовите на СДСМ велеше дека се србомани или србофили. СДСМ на членовите на ВМРО-ДПМНЕ им подметнуваа бугарски летоци, им демонстрираа со “Бугари“ на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градскиот совет заради преименувањето на улиците и плоштадите и за спомениците од 1903 па наваму. Денес, Заев, претседателот на СДСМ, стана поголем Бугарин од Бојко Борисов: (1) Го смени името на државата Македонија; (2) Го смени идентитетот на Македонскиот народ; (3) Ги избриша Македонците во соседните држави на Македонија; (4) Се откажа од Македонците во светот; (5) Се откажа од придавката македонски/а/о на именката Македонија; (6) Ја забрани употребата на именката Македонија; (7) Ја суспендира одлуката на референдумот од 8 септември 1991 година “за суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки иако одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите без исклучок; (😎 Го суспендира референдумот од 30 септември 2018 година на кој НЕ се донесе одлука за членство во ЕУ и НАТО и не се прифати Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ; (9) Ја избриша историјата на Македонија во Егејскиот дел на Македонија; (10) Им ја подари античката историја на Македонија на Грција, иако до 1912 година Атина била под Олимп, Македонија никогаш не била грчка; (11) Врши ревизија на историјата на Македонија по барање на Софија чија државотворност е изградена врз тезите дека Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик; (12) Ги преименува сите државни и јавни институции, установи и претпријатија; (13) Македонскиот народ го сведува на едно од многу малцинства во сопствената држава Македонија иако е носител на државноста, тоа треба да се “бетонира“ со фалсификуваниот попис кој се спроведува од 1 март до 30 септември 2021 година; (14) Воведе двојазичност во државата на целата нејзина територија и во меѓународните односи во спротивност со Уставот на државата Македонија…
Во прашање се гооооолеми пари и корупција, еден ден тоа ќе излезе на бело видело… Но, штом дојде Македонска власт во државата Македонија, не постои дупка на земјината топка каде извршителите на овие злодела ќе може да се скријат, сите кои гласаа за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас и за промена на Уставот со промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ… Ќе се користат искуствата на Визентал кој ги бркаше нацистите долго време после Втората светска војна по цел свет и ги отера сите на “бесилка“!
Се работи за уникатна операција, преседан во светската историја на народите и државите. Груевски беше свесен за промената на името и идентитетот, но не ја одбрани државата и нацијата, власта им ја препушти на СДСМ со шарената револуција, тие да го извршат велепредавството. Заборави дека не е одговорноста само на тие кои го извршија велепредавството, туку и на тие кои допуштија тоа да се случи! Груевски избега во азил, а Иванов потклекна пред Заев, си го заштити животот и го остави аманетот за правда на некои идни генерации Македонци… Само Господ знае кога и како, иако Иванов можеше да ја извлече државата и народот од кошмарот и агонијата…
Лесно е да се каже, а што стори ти? Па, сите ние им дадовме мандат на некои со име и презиме, кои цело време повикуваа на единство и обединување за одбрана на името и идентитетот! Без пари на улица што ќе се одбрани, не ве примаат ниту во аптека или продавница! 27 април 2017 година беше опомена за страв в коски од башибозукот на власта, за летаргија без отпор меѓу народот и опозицијата…
Да поентираме… СДСМ го сменија името, ги злоупотребија Албанците кои влетаа во авантура да менуваат име и идентитет на државотворниот Македонски народ, иако тоа не е малцинско прашање… Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги подлажаа, ако има “Северна Македонија“, има и “Јужна Македонија“, исто како што имало “Северна Кореја“ и “Јужна Кореја“ и повеќето ја голтнаа јадицата!
За жал, сега има само држава “Северна Македонија“ и нов национален идентитет “Северномакедонци“, за цел свет Македонците се Грци, односно Грците се Македонците! Нема држава “Јужна Македонија“, ниту била, ниту ќе ја биде!
А, има ли држава “Северна Кореја“ и држава “Јужна Кореја“? Не! Во светот не постои држава “Северна Кореја“, ниту држава “Јужна Кореја“! Во тоа е и заблудата!
Државата на северниот дел од Корејскиот полуостров се вика КОРЕЈА, но и државата на јужниот дел од Корејскиот полуостров исто така се вика КОРЕЈА. Е, заради тоа и во северниот дел и во јужниот дел на Корејскиот полустров живеат Корејанци, живее поделениот Корејски народ!
Службеното име на државата на северниот дел од Корејскиот полуостров е “Демократска Народна Република Кореја“, на англиски јазик: “Democratic People’s Republic OF Korea“!
Службеното име на државата на јужниот дел од Корејскиот полуостров е “Република Кореја“, на англиски јазик: “Republic OF Korea“!
Запаметете, во англискиот јазик има едно правило: Пред името на државата секогаш се става предлогот “OF“! Пред предлогот “OF“ е државното уредување.
Значи, името и на државата на северниот дел од Корејскиот полуостров и името на државата на јужниот дел од Корејскиот полуостров е исто: КОРЕЈА!
Впрочем, Кореја е поранешна држава која се наоѓа на истоимениот Корејски полуостров во североисточна Азија. По Корејската војна (1950-1953), Кореја била поделена на народна комунистичка република на северниот дел на Корејскиот полуостров и демократска капиталистичка република на јужниот дел на Корејскиот полуостров. Корејската војна (1950-1953) била вооружен конфликт помеѓу Република Кореја (“Јужна Кореја“) поддржана од ООН и Демократска Народна Република Кореја (“Северна Кореја“) поддржана од Народна Република Кина и Советскиот сојуз. Во 1945 година, Корејскиот Полуостров бил одземен од Јапонците, под чија власт бил од 1910 година. Потоа, северната половина од Корејскиот полуостров ја контролирал СССР, а јужната САД. Тоа требало да биде привремено, но во 1950 година комунистичките сили од Демократска Народна Република Кореја ја нападнале Република Кореја, со што почнала жестока војна која траела три години, во војната загинале четири милиони луѓе. ООН им помагале на САД во Република Кореја, а Кина ѝ помагала на Демократска Народна Република Кореја. Корејанскиот народ практично е поделен во двете држави со исто име Кореја и затоа и во северниот и во јужниот дел на Корејскиот полустров живеат Корејанци односно поделен Корејански народ.
Македонија е поделена во Балканските војни 1912-1913 година со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година со геноцид врз Македонскиот народ во окупираните делови на Македонија под окупација на Грција, Бугарија и Србија, кој трае до денес! И Атина и Софија и Белград со етничкото чистење врз Македонците, вршеле промена на етничката структура на населението, вршеле доселување на инородно население и размена на население. Држава “Јужна Македонија“ не постои, да не се лажеме дека “Северна Македонија“ е симулација за обединување со “Јужна Македонија“. Имајќи предвид дека окупаторите не признаваат постоење на Македонски народ, Македонски јазик, Македонска Црква, сметаат дека Македонците се Срби, Бугари, односно Грци, дека Македонците се Грци а “словените“ во државата Македонија се Бугари!
За работите да бидат појасни, со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, Заев се откажа од Македонците во Грција, а со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година се откажа и од Македонците во Бугарија. Со двата договора, Заев се откажа од Македонците во светот!
Затоа, не лажете се за името “Северна Македонија“ со “Северна Кореја“ и “Јужна Кореја“ кои не постојат, како што не постои ниту “Јужна Македонија“!
Додека не’ лажат со држава “Северна Кореја“ и држава “Јужна Кореја“, станавме “Северномакедонци“, бидејќи држава “Јужна Македонија“ нема! Чисто информативно, колку да ја тргнете од тема Кореја како утеха за “Северна“ Македонија!
Единствено решение за санација од велепредавството е итно и безусловно раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас и продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија! Притоа не заборавајте дека како Македонија бевме прифатени (признати) од 140 држави во светот!
Никогаш северна, само Македонија!
Текстот е исклучиво став на Авторот.
Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar