Страшо АНГЕЛОВСКИ

Додека светот се движи кон можни воени судири на повеќе точки на големата карта, како Црноморскиот регион, Јужнокинеското море, Сирија…  европските бирократи, оние кои никој непосредно не ги избрал а ја кројат иднината на ЕУ, упорно се занимаваат со своите “темелни вредности“. Последно, големата кавга околу унгарскиот Закон со кој се забранува ЛГБТ пропаганда на деца од училишна возраст во нивните образовни програми, но и во медиумските содржини.

И откако, нормално, група невладини организации обвинија дека Законот е преземен од Русија и Кина, бидејќи според западната логика доколку сакаш нешто да прогласиш за “недемократско“, залепи му етикета “made in Rusia or China“, во ЕУ започнаа жестоките напади, полни со омраза и нетрпение, кон Орбан, Унгарија и нејзината политика.

Па, полни со “демократија“ и “почитување на туѓото мислење“, еден по еден му порачаа на Орбан дека: “ги преминал црвените линии“ – премиерот на Ирска Михел Мартин; “за омраза, нетолеранција и дискриминација нема место во нашата Унија“ – премиерот на Луксембург Гзавије Бетел, деклариран хомосексуалец; “ова е егзистенцијално прашање за Европејците“ – претседателот на Франција Емануел Макрон; па се до “ако не ви се допаѓаат ЛГБТ правата, имате алтернатива, одете си од Европската Унија“ – премиерот на Холандија Марк Руте.

Ете толку од почитување на различното мислење од страна на “борците за различност“ – односно, или ќе размислувате како нив, или сте непожелен во нивното “демократско“ друштво.

И, за да оваа бесмислена приказна има “среќен крај“, лидерите на  17 (од 27 колку што брои) земји членки на ЕУ, предводени од Макрон и Меркел, потпишаа писмо во кое ЛГБТ правата ги нарекуваат “темел на Европската Унија“, а Европската комисија поведе правна постапка против Унгарија.

Оттука, кога ќе се види дека “темелот“ на ЕУ се ЛГБТ правата, станува јасно во каков “заеднички дом“ се трудиме да влеземе ние Македонците, бришејќи се самите себе и како народ и како држава. Дом изграден врз двојни стандарди, изопачени вредности и непочитување на различностите во традициите и сфаќањата на различните народи кои го, или треба да го населуваат тој “заеднички дом“. Упорното инсистирање на Брисел за имплементација на замисленото во нивните кабинети во држави со различни култури и традиции, наликува на инсистирање да насадите палма некаде на Монт Еверест. А, ако не успеете, заминете си, не сте добредојдени во европското “демократско“ друштво.

Не рекле бадијала неимарите – види го темелот, ќе знаеш каква ќе биде куќата.

ЕУ – СУПЕРДРЖАВА НА КРИВИ ТЕМЕЛИ

Како одговор на западноевропското лудило, во јавноста се појави заедничко соопштение на 16 конзервативни европски партии, кое, покрај Орбан, го потпишаа и Матео Салвини и Марин Ле Пен, во кое се оценува дека “ЕУ се’ повеќе станува орудие во рацете на радикалните структури кои сакаат да спроведат културна и религиозна трансформација, со цел да создадат европска супердржава во која нема да постојат нациите“.

Содржината продолжува после огласот

Па така, Европската Унија денес е поделена повеќе од кога било во оваа културна, дури може да се рече и цивилизациска војна – од една страна тоталитарната идеологија со диктат на “темелните вредности“, која води кон целосно уништување на нациите, семејствата, културите, традициите и кон која без поговор мора да се приклоните и, од друга страна, идеологијата како онаа на Виктор Орбан, кој во име на идеите во кои верува, иако веќе со децении и тој и сите ние сме убедувани дека е крај на историјата и идеологијата различна од неолибералната, јавно се спротивставува на диктатот на наметнати “вредности“ и “вистини“.

Токму затоа Виктор Орбан толку силно ја затресе Европската Унија, бидејќи, за жал, како во Орвеловскиот свет, кажувањето вистина во време на општоприфатената лага, претставува револуционерен чин. А тој, едноставно го кажува она што до пред само дваесеттина години се сметаше за нормално. Противењето на орбановата Унгарија на европските “темелни вредности“, дури наликува на контрареволуција против тоталитарните методи на владеење на Брисел и насилно наметнување на вредности на една идеологија спротивна на суверенитетот и традициите на народите кои ја сочинуваат токму таа Европска Унија, а во полза на глобализмот и новата левица која веќе не ја интересираат работничките, туку ЛГБТ правата и разноразни теми на полов и родов идентитет.

ЕУ БОРДЕЛОТ НЕ Е МЕСТО ЗА НАРОД СО ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРА

Ваквата Европска Унија, за жал, не претставува благопријатно место за ниту еден народ со илјадагодишна традиција и култура каков што е и македонскиот. Народ што ги изнедрил Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум, Чуповски и Мисирков… не смее да ги продаде сопствените вредности на глобалните прематари, кои, откако ќе ги трампаат за празно ветување за подобар живот во нивното блудно друштво, ќе ги изгорат на кладата на современата неолиберална инквизиција. Вредностите на нашите светии и преродбеници се македонскиот влог во светското цивилизациско наследство и, за ниту едно право на ЛГБТ булукот не смееме да се откажеме од правото да ги негуваме и да живееме според нив.

Затоа, можеби е време да се урне антимакедонската Влада на Заев и Груби и, Република Македонија да добие власт која според препораките на професорот по меѓународно право на Универзитетот во Илиноис, Френсис Ентони Бојл, ќе го поништи Преспанскиот договор според членот 46 од Виенската конвенција, чии потписници се и Македонија и Грција. Поништување, заради, како што вели професорот Бојл, “евидентност во кршењето на внатрешното право во врска со одредби од фундаментално значење (повреда на Устав)“.

Потоа, потоа како и секогаш досега во историјата, во оваа цивилизациска војна меѓу тоталитарната неолиберална глобалистичка идеологија, од една и, суверенистичката и традиционална идеологија од другата страна, повторно да се определиме на вистинското место – во одбрана на националните, традиционалните, семејните и родовите вредности. Во одбрана на иднината на нашите деца, на нашите  нормални ќерки и синови.

(авторот е претседател на МААК)