October 12, 2021

ТВ новинарот Горан Благоев претседателски кандидат на изборите во Бугарија: Главниот противник ќе ми биде Румен Радев

Горан Благоев, кој е кандидат за претседател на Бугарија од коалицијата „Национална унија на десницата” – КОД и „Републиканците за Бугарија” на Петар Москов и Цветан Цветанов, коментираше за ТВ Еуроком дека негов главен противник на изборите ќе биде актуелниот претседател Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, всушност во последната половина година Бугарија функционираше како претседателска република, без да е така уредена.

Благоев изрази мислење дека Радев не направил ништо значајно за бугарско-македонските односи, како и за регионите во Србија во кои живее историско бугарско население во Димитровград (Цариброд) и Босилеград.

Истовремено, овој познат ТВ-новинар и историчар Горан Благоев смета дека политиката на Бугарија кон Македонија во последните 30 години била неконзистентна. Во текот на овие години, Бугарија не направи ништо посебно во споредба со Северна Македонија, а имаше можности, категоричен е. Тој беше дециден и за меѓукултурните и билатералните црковни односи. „Национална унија на десницата” – КОД и „Републиканците за Бугарија” се една од ретките политички формации кои отворено изјавуваат дека Северна Македонија има место во ЕУ во согласност со условите од Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. Неговите програми на ТВ Еуроком и порано на БНТ, исто така, се следат преку Интернет во Северна Македонија.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar