Обвинителството се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Фокус објави за овој случај.

-Повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари. Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!? Притоа Ден Дончев е омилениот играч на Заев, за кој што веќе има кривична и судски процес за случајот Рекет 2, обвинет за рекетирање и спречување на странски инвестиции во домашното здравство и спречување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите, рече портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски, пред Обвинителството.