April 8, 2021

Ромите родени во Македонија се и ќе останат Македонци, вели Ашмет Елезовски, претседател на Националниот ромски совет по повод Меѓународниот ден на Ромите

 

„Ромската заедница како да е исклучена од погледот дека постои, ова го наведувам од проста причина што сиромаштијата е присутна насекаде и дава една слика која е многу лоша, слика на непристапност, слика на непостоење на живот на движење, а од друга страна нема и некоја активност од одредени раководни ромски лица кои треба да бидат вклучени од институциите како што е Министерство за труд и социјални работи“, вели претседателот на Националниот ромски совет Ашмет Елезовски, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Оваа година се одбележува 50 години јубилеј од Меѓународниот ден на ромите кој овој ден официјално бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска , местото каде што се одржал и четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромски претставници кој бил одржан во Чесфилд, Лондон во 1971 година. Токму на овој конгрес била донесена одлука за ромска химна, при што била избрана песната „Ѓелем, Ѓелем“ како и одлука за официјално знаме да биде сино – зелена боја со црвена точка на средина, кој е симбол на напредок и движење, но и миграцијата на Ромите во текот на историјата.

Елезовски се потсети на токму на овој ден, за кој како што вели Македонија се гордее со овој ден. Но како што вели денешниот 50 годишен јубилеј е поинаков, наместо да биде радост и поттик за нови предизвици, иако имаме плејада на нови дипломирани роми, доктори, адвокати, ИТ техничари, ние имаме пандемија. Да, 50 години јубилеј, но сега не е време за одбележување јубилеј од првиот ромски конгрес кој се одржа во Лондон каде истакнати уметници од светот, како и Есма Реџепова и Фаик Амди првиот ромски пратеник беа присутни тогаш во 1971 година, кога се направи и првата ромска химна, се зборуваше за идентитетот и јазикот. Македонија се гордееше и сега се гордее, но не возврати со иста поддршка и одговорност како што ромите направија, бидејќи Ромите родени во Македонија беа и ќе бидат Македонци, со само една разлика родени од мајка и татко Роми“, вели Елезовски.

Тој вели дека помладите генерации како да се срамат од својот идентитет, со што помеѓу себе зборуваат не на ромски, туку на друг странски јазик.

„Ромите се единствениот народ во светот кој сеуше не го изгубил јазикот, но за жал помладите генерации срамјеќи се од идентитетот зборуваат англиски и македонски, меѓутоа на македонски е во ред да зборуваат бидејќи се во Македонија, но да зборувате Ром со Ром на некој друг од странските јазици тоа не води кон задржување на идентитетот’, ракажува Елезовски.

Се изгуби човечната релација, вредностите на почитување, вели Елезовски. Неговата порака е дека соживотот треба да се врати.

„Со пандемијата на промените и насоки на политички привирања и натрупување само на хартија напишани планови нема да има напредок туку само застој. Затоа мојот апел е да се врати довербата, да се вклучат ромите во креирањето заеднички со сите националности како што е загарантирано според уставот, не само две страни да бидат вклучени, а другите да бидат неми жртви на тие пропусти“, вели Елезовски.

Во време кога светот се соочува со предизвикот, пандемија со Ковид 19, со Елзезовски поразговаравме и вакцинацијата, за тоа каква е заинтересираноста на ромското население за имунизација.

„Ромите како и сите граѓани на Македонија да бидат вакцинирани, меѓутоа се додека не дојде процесот со вакцинацијата на граѓаните, освен постарите генерации. Имаше заинтересираност од постарите граѓани над 70 години кои се вакцинираа, но познато е дека просечниот животен век кај ромската популација е 48 години, со што имаме помал број на постари Роми над 70 до 80 години. Помладите генерации, кои се до 60 години веќе се информирани и сакаат да се вакцинираат, но тука ќе треба уште една помош. Бидејќи општо беше кажано дека тоа матичните лекари ќе го прават, потоа преку електронскиот систем, тоа малку ги збуни ромските граѓани, но тоа ќе се надмине со тесната соработка со Министертсвото за задравство која ја има Националниот ромски совет“, вели Елезовски.

Во однос на моменталната состојба во општина Шуто Оризари, за која реагират невладини организации и граѓански здруженија дека во оваа општина недостасува здравствена заштита, со тоа што немаат матични лекари како и гинеколози, Елезовски вели дека за жал вистината е дека постои бариера кај докторите, кои не сакаат да бидат лекари во мала општина, но и дека оваа ситуација можела да се реши пред почетокот на пандемијата.

„Ситуацијата во Шуто Оризари како што се пожалија невладините организации и граѓанските здруженија е алармантна, бидејки амбулантата во Шуто Оризари нема доктори за да на граѓаните од оваа општина им се пружи основна здравствена заштита и можност пред самиот почеток на пандемијата да се реши ситуацијата. Можеле да издејствуваат да не прават атракција пред избори со носење на една докторка гинеколог која ги искористи бенефитите и престана да работи. Одговорноста праѓа на Ромите, ова го велам и од општа причина што ние имавме студенти кои станаа лекари и специјализираа, меѓутоа никој не остана тука сите заминаа надвор од земјата. Другата работа е што, не знам од која причина, помладите генерации доктори не сакаат да лечат посиромашни класи на граѓани. За жал вистината е дека има некоја бариера на непосакување, докторите да бидат лекари на посиромашните, тоа го сметаат за казна да бидат лекари во една мала општина“, вели Елезовски.

Тој вели дека проблемот е голем, а последиците ги трпат граѓаните.  Зголемен е  бројот на забоелни и жртви во овој пандемичен период, тој вели ние како Национален ромски центар со останатите организации направивме список, испративме дописи, но има едно немо премолчување и нерешавање на најважните работи во државата.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar