April 13, 2021

Вест број еден во светските медиуми: Џенифер Анистон ќе стане мајка на 53 години

 

 

 

– Џен беше убедена дека собирот со колегите е вистинскиот момент да ја објави веста дека станува мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците на снимањето – открива извор за светските медиуми.

Американската актерка Џенифер Анистон (52) го доживеа врвот на славата во серијата „Пријатели“, толкувајќи го култниот лик Рејчел Грин. По долга пауза, тимот ќе се обедини и ќе сними специјална епизода, а обожавателите едвај чекаат да ги видат сите повторно на малите екрани.

Сега извор близок на актерката, за магазинот „Клосер“ изјавил дека Џенифер ги израдувала своите колеги по тој повод веста дека ќе стане мајка.
По два разводи, Анистон одлучи да посвои девојче што го запозна во сиропиталиштето „Каса Хогар Сион“ во Мексико.

Имено, актерката многу години финансиски му помагаше на сиропиталиштето и сега реши да посвои девојче. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.

– Џен беше убедена дека собирот со колегите е вистинскиот момент да се објави веста дека станува мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците на снимањето – изјавил изворот.

Екипата од „Пријатели“ го поминале скоро секој буден час, цела деценија – заедно. Поддржувајќи се едни со други во сите тешки моменти, вклучително и борбата на Кортни да стане мајка и болниот развод на Џенифер со Бред Пит, затоа за Џенифер било многу стресно и важно да им ја соопшти таа вест.

– Сите беа пресреќни кога им ја соопшти веста и ѝ дадоа неколку родителски совети, за кои рече дека со задоволство ќе ги прифати – додаде изворот.

На почетокот на 2011 година, пред Џенифер да се омажи за актерот Џастин Туро, се шпекулираше дека планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое беше во постојан контакт и му даваше парична помош.
Иако ги негираше приказните за посвојување на дете пред 10 години, изворот вели дека актерката Кортни Кокс ја поддржувала во процесот на посвојување, кој трае веќе повеќе од една година.

– Судот знае дека актерката не сака да направи од ова медиумски фама и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели – заклучи изворот.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar