April 17, 2021

Русија експресно возврати на caнкциите и протepaните дипломати

Русија на својата територија ќе забрани работа на фондации и невладини организаци кои ги контролира американскиот Стејт департмент и на други американски агенции, а ќе протера и десетина дипломати и ќе го забрани влезот на исто толку функционери од САД, соопшти во петокот вечерта руското Министерство за надворешни работи како одговори на „непријателските активност“ на Вашингтон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека покрај ограничувањето на актовностите на американските организации и фондации кои се мешаат во внатрешните работи на Русија, ќе бидат протерани вкупнно 13 дипломати од САД и од Полска.

„Активностите, кои се спроведуваше долго време и систематски, ќе биде завршена, посебно во фонор на тоа шт САД немаат намера да го намалат обемот на своите субверзивни напори, а извешени се систематски врз обемна законска основа“, се вели во соопштението на руската дипломатија.

Од Смоленскиот плоштад, седиштето на руското министерство за надворшни работи, истакнуват дека повиците од Вашингтон за воздржување од ескалација се „лицемерни“ и преттавуаат „уште еден напад врз нашата земја“ од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

„Во Вашингтон, се чини, не сакаат да е помират со фактот дека во новата геополитичка реалност место за едностран диктат, а пропаднатите сценарија за ‘ограничување на Москва’, на кои САД продолжуваат кусогледо да се потпираат, се исполнети само со натамошно деградирање на руско-американските односи“, се истакнува во соопштението.

Меѓу одмазничките чекори кии ги преземаат САД, се протерувањето десет американски дипломати од Москва, издавањето на само десет визи годишно на дипломати за краткорочни задачи преку Стејт департментот, целосно прекинување на практиката вработување од страна на американските дипломатски мисии административните и техничките соработници да се државјани на Русија, што ќе доведе до преполовување на 300-те вработени во амбасадата во Москва. Тоа е одговор на американскот намалување од 455 на 155 лица на руската дипломатска мисија при ОН во Њујорк, што не е билатерална мисија.

Покрај тоа, се забранува влезот во Русија на американските функционери кои Москва ги идентификувала како вклуечни во градењето антируска атмосфера во САД, меѓу кои се јавниот обвинител Мерик Гарланд, директорот на Сојузното биро за затвори на САД, Макјл Карвахал, секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас, советничката за внатрешна политика на американскиот претседател Сузан Рајс, дирекрот на FBI, Кростофер Реј, директорот на Националното разузнавање Еврил Хејнс, поранешниот директор на CIA Роберт Вулси и поранешниот помошник на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон.

„Овие чекори се само дел од опциите со кои располагаме. Заканите со воведување нови казни кои се содржат во изјавите на маериканската страна, за жал, покажуваат дека Вашингтон не сака да нѐ слушне“, се додва во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

„Постојат и други опции. Ние, се разбира, ги сфаќаме нашите ограничувања соодветно економски да одговориме на американските чекори. Но постојат одредени ресурси во овој поглед и тие исто така ќе бидат употребени доколку Вашингтон се одлучи за движење по спиралата на санкциите“, порачува Москва.

Се истакнува дека сите овие актовности „не се избор на Русија, која сака да избегне натаошна ескалација“.

Исто такам се наведува дека предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за средба со рускиот челник Владимир Путин, кој првично во Москва беше оценет позитивно, сега се проучува „во контекстот на стварната сиутација“.

Руските потези се одговор на дипломатската и финансиска офанзива на САД против руските функционери и компании од четвртокот, поради наводното руско мешање во американските избори во ноември 2020 година, недокажаните руски хакирања, наводната ескалација во Украина, наводно давањето пари на авганистанските талибабни за убивање американски војници.

Со американските санкции зафатени се 32 физички и правни лица, Санциите им ги забрануваат на американските финансиски институции да го откупуваат руските државни обврзници по 14-ти јуни. Покрај тоа, Вашингтон протера десет дипломати од руската мисија, а Варшава протера тројца руски дипломати во знак на солидарност со САД.

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека и покрај санкциите, САД не сакаат ескалација на тензиите со Русија, туку „стабилен, предвидливо однесување“ на Москва.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar