Освен во Македонија, буквално и регионот е гневен по скандалозното влегување на двајцата пратеници од власта во македонското собрание за да може да го одржат и така климавото мнозинство на СДСМ во законодавниот дом.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ освен што го навлекоа гневот во македонската јавност, но и сторија кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не им важи пратеничкиот имунитет, тие станаа топ тема и во соседните медиуми.

Имено вчера веста за нивното неодговорно однесување го пренесоа и едни од најпознатите медиуми во соседна Србија.

Танјуг пишува дека во Северна Македонија заразени пратеници гласале во скафандери, додека РТС пишуваат дека во Македонија гласале пратеници со корона, а Мицкоски потенцирал дека тоа е тероризам.