April 26, 2021

Вистински тесно по гласањето во Албанија

По парламентарните избори во Албанија на повидок е тесна трка: првичните резултати покажуваат дека Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама доби најмногу гласови. Но обединетата опозиција сепак може да победи.

    

Albanien Tirana | Wahl 2021 | Stimmabgabe Edi Rama 

По парламентарните избори во Албанија сè уште нема јасен победник. Поради екстремно тесниот исход на борбата за 140-те места во парламентот  потребно е да се сочека целосното пребројување на гласовите од страна Централната изборна комисија во Тирана, проценуваат албанските медиуми. Ова може да трае до вторник, соопшти изборната комисија.

Првите прелиминарни резултати од албанската Централна изборна комисија покажуваат дека владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама освоила најмногу – 46,27 отсто од гласовите за парламентарните избори.Според податоците на Централната изборна комисија, опозициската Демократска партија на Лјулјзим Баша добила 44,71 насто од гласовите, а Движењето на социјалисти за интеграција на претседателт Илир Мета 6,67 отсто.

Albanien Parlamentswahlen Wahlurne

Според резултатите на изборната анкета Јуроњуз Албанија, трката ќе биде тесна меѓу социјалистите и опозицијата. Околу 3,6 милиони граѓани на Албанија со право на глас во неделата избираа пратеници, кои во наредните четири години ќе ги претставуваат во албанскиот парламент.

 

Претседателот на Социјалистичката партија на Албанија и премиер, Еди Рама, вели дека претпоставките и анкетите претставуваат само „предвидувања пред фудбалски натпревар“ и повика на трпение до објавување на резултатите на изборите. „Ние не сакаме само резултат и потврда дека сме победиле, туку тоа да биде продолжение на процесот и од овој процес Албанија треба да победи, а не само партијата која ќе управува со државата“, рече Рама.

Тој го пофали изборниот процес на парламентарните избори во Албанија и оцени дека остатокот од процесот би требало да помине мирно за Албанија да излезе како победник на овие избори.

Albanien Tirana | Wahl 2021 | Lulzim Basha. Demokratische Partei

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, синоќа прогласи победа на опозцијата на парламентарните избори, само два часа откако беше завршен процесот на гласање. „Победата е јасна! Им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за победа“, рече Баша. Тој изјави дека е уверен оти граѓаните масовно гласале за „Алијанса за промени“ и дека на крајот ќе победи Албанија.

 

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar