June 12, 2021

Општините не моѓат да ги наплатат даноците и пливаат во долгови?

Заев: Обезбедивме 50 милиони евра за општините да ги покријат долговите

Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

-Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Влада обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи, изјави Заев,

Тој истакна дека СДСМ ја има честа и одговорноста четири години да ја предводи централната власт, но и локалните администрации во 56 општини и градот Скопје.

-Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух, истакна Заев.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar