June 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема датум затоа што ЕУ не сака да си има работа со криминалците од ДУИ и од СДСМ

Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболиран за криминал, и чиј брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер

Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ. Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси. Заев ја бетонира државата на врвот на криминалот и корумпираноста, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболиран за криминал, и чиј брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер. Во ЕУ не се оди со нерасчистени случаи за криминал како случајот со Ден Дончев, кој сите го видовме како трупа туце пари во торба, ниту пак, за Заеви, кои беа посочени дека кај нив завршиле парите од аферата „Рекет“, и тоа лично од човекот кој ја носеше торбата полна милиони – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека во ЕУ не поминува „зелената агенда“ која ги труе граѓаните на градовите каде токму тие зелени се власт. Кичево, Тетово, Струга и други тонат во смет. А тендерите врват.

– Заев не може да ја однесе Македонија во ЕУ, Заев е политичар потонат во криминал и корупција. Заев мора да си оди, за Македонија да тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar