June 27, 2021

Синдикалиот лидер во ЕЛЕМ си фатил тендери од 1.000.000 евра во РЕК БИТОЛА!

 

Почитувани,

РЕК Битола тоне во хаварии, РЕК Битола тоне во скандали со Бате Вице, тоне во долгови, но сеуште е златна кокошка за послушниците на Режимот.

Веднаш по преземањето на власта, Режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикат во ЕЛЕМ, а за претседател е назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола.

Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола.

Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари.

Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, (616.618) или над 38 милиони денари.

 

Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата семејна фирма инкасирал безмалку еден милион евра (995.020 евра)

Или можеме да броиме во годините откако стана прв синдикалец на Менде Фидановски му процветува приватниот бизнис, а фирмата редовно ги добива тендерите во РЕК Битола.

И откако е синдикалец на фирмата на Менде не и се интересни други тендери освен во РЕК Битола, па севкупно има земено тендери во вредност од 1.131.380 евра!

И тука доаѓаме до главниот проблем, дали ова не е судир на интереси?

За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе ?

За тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола кој тоне во долгови?

Дали Фидановски е продолжена рака на режимот во РЕК Битола, златната кокошка за членовите на Режимот? Дали затоа Менде Фидановски молчи по скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето на РЕК Битола?

Дали заради Тендерите од еден милион евра за неполни две години Фидановски не реагира на уништувањето на РЕК Битола и најавите за негово затворање?

Почитувани, ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, ова е уште еден скандал за злоупотребите на моќта. Синдикален лидер наплатил за една и пол година еден милион евра од РЕК Битола! Ова е незамисливо и затоа Македонија ќе продолжи да тоне на негативни светски листи.

Извор:ОК ВМРО БИТОЛА -Пеце Милески

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar