July 20, 2021

ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти за бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и поевтина струја за граѓаните

Додека во Куманово се плакаше по 800 евра Приклучок-ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти за бесплатен приклучок на гас за домаќинствата и поевтина струја за граѓаните

Власта на Заев не реализираше ништо од тоа што го ветуваше. Беа зафатени со криминал и коруптивни зделки и затоа заборавија на народот.

Затоа оваа власт мора што поскоро да замине, за да дојде власт која ќе работи за доброто на сите луѓе.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе овозможи 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас. Тоа значи дека 50% од семејствата само во еден мандат ќе имаат можност да користат поевтин и почист енергенс во своите домови.

Дополнително, за да се обезбеди енергетска сигурност на државата, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи животниот век на РЕК Осломеј и РЕК Битола, што истовремено ќе значи и поевтина струја за граѓаните.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните. Тоа мора да престане час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на напредок, сигурност и квалитетен животен стандард за граѓанинот. Македонија за сите лу

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar