July 21, 2021

ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ продолжува со лаги и манипулации, кризниот данок ќе удри по џебот на граѓаните

СДСМ продолжува со лаги и манипулации кон народот.

Туркаат кризен данок за сите горива од 4 денари, а времено намалуваат акциза само за дизел од 2 денари. Ова е половично решение и чист популизам.

СДСМ не ја укина акцизата, туку само привремено ја помести за неколку месеци, а по изборите ќе ја актуелизира повторно.

Наместо вистински олеснителни мерки кои што ќе го олеснат секојдневието на граѓаните, СДСМ вели дека ќе ги намали акцизите за 2 денари, иако главната намера е да се зголеми кризниот данок над 4 денари.

СДСМ наместо да ги лаже граѓаните и да ги уверува во нивните лаги дека работат нешто во нивна корист, нека се откажат од воведувањето еколошка такса, која што единствено ќе удри по џебот на граѓаните.

Финансиските дупки кои што СДСМ ги предизвика во буџетот треба да ги пополнат самите тие, а не нивното недомаќинско работење да се рефлектира врз животот на граѓаните и да се воведува нов кризен данок од над 4 денари.

На граѓаните им е јасно дека СДСМ тоне во лаги и безидејност.

Секој ваков потег само го гарантира дебаклот кој СДСМ ќе го доживее на наредните локални избори.

Мора да се стави крај на безредието и кражбите.

Време е за Македонија за сите луѓе!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar