July 21, 2021

Ива Митева од „Има таков народ“ избрана за претседател на бугарскиот парламент

Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија.

Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани. За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група.

Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar