August 20, 2021

СЛОВЕНЦИТЕ ДОНЕСОА ОДЛУКА: Забранета продажба на производи од пластика

Пластични прибор за јадење, чинии и памучни брисеви, различни од оние за медицинска употреба, ќе бидат повлечени од продажба во Словенија, откако владиниот декрет забрани денеска пуштање во продажба на некои пластични производи за еднократна употреба.

 

Забраната важи и за пластични садови за храна и пијалоци, садови изработени од експандиран полистирен и производи изработени од оксо-разградлива пластика.

Регулативата, исто така, пропишува означување на некои пластични производи за еднократна употреба и нивна амбалажа, а мора да бидат означени и хигиенски влошки, тампони и апликатори за тампони, влажни марамчиња за нега и употреба во домаќинството, производи од тутун со филтер и филтри за цигари.

Овие етикети мора да ги информираат потрошувачите за правилен третман и отстранување на отпадот од таквите производи, за присуството и пропорцијата на пластика во одреден производ и негативното влијание врз животната средина доколку таквите производи се фрлаaт несоодветно, се вели во регулативата.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar