August 24, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Дали бизнисменот Свето Јаневски стои зад зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ и какви релации има Шилегов со него?

Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош, со измени во ДУП го уништува спортскиот центар „Борис Трајковски” одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара?  На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат. Колку чини овој шверцерски ДУП? Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar