August 24, 2021

Германија има потреба од 400.000 квалификувани работници годишно

Претседателот на Управниот одбор на Сојузната агенција за вработување, Детлеф Шеле упати сериозен апел до германската влада: во земјата треба да се донесат многу повеќе квалификувани доселеници, околу 400.000 годишно.

    

Deutschland ausländische Arbeitskräfte 

„Работната сила во Германија се намалува“, изјави Детлев Шеле за весникот „Зиддојче цајтунг“. Поради демографскиот развој, уште оваа година бројот на потенцијални работници во типично работоспособна возраст во земјата ќе опадне за 150.000, а во следните години ќе биде уште подраматично, истакнува Шеле.

Според него, Германија може да го реши проблемот на пример со тоа што ќе врши оспособување неквалификувани работници и преквалификација, а оние кои не по своја волја работат со ограничено време, ќе бидат ангажирани на полно работно време, или пак ако во земјата се донесат нови доселеници.

„Но, овде не станува збор за азил, туку за целно доселување заради пополнување на празнините на пазарот на труд. Потребни ни се 400.000 доселеници годишно, односно многу повеќе отколку во претходните години, почнувајќи од негуватели, преку техничари за климатизација, до логистичари и факултетски образовани луѓе, насекаде ќе има недостиг од квалификувана работна сила“, тврди шефот на Сојузната агенција за вработување.

Шеле во изинатите денови во повеќе наврати предупредува на лошата ситуација на пазарот за обука за работа. „Постои јаз меѓу младите луѓе кои бараат место за професионално образование низ работа и работодавачите, а трендот постојано се влошува. 31 процент од младите луѓе кои конкурираат за место за работна обука досега го немаат добиено, додека пак 40 проценти од местата кои работодавачите ги нудат за школување низ работа се уште слободни“, истакнува Шеле.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar