September 25, 2021

Цените на струјата на берзите се доближија до 200 евра за мегават-час, енергетскиот сектор во колапс!

Предупредувањата на Стопанската комора за енергетика на Македонија дека имаме сериозен проблем со набавката и продажбата на струја поради вртоглавиот раст на цените на европските берзи, се остварија. Поради наглото зголемување на цените на берзите компании за снабдување со струја почнаа да ги откажуваат договори со своите потрошувачи и да не им испорачуваат електрична енергија на граѓаните, што беше причина РКЕ да почне постапки за одземање на лиценци на снабдувачите

Поради вртоглавиот раст на цената на струјата на европските берзите компании за снабдување со електрична енергија почнаа да ги откажуваат договори со своите потрошувачи и да не им испорачуваат електрична енергија. Непочитување на договореното, беше причина Регулаторна комисија за енергетика да почне постапки за одземање на лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија – Друштвото за производство, трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје.

-РЕГИСТРИРАВМЕ ПОЛОВИЧНО ИНФОРМИРАЊЕ И ОБИДИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА ОД СТРАНА НА СНАБДУВАЧИТЕ КОН ПОТРОШУВАЧИТЕ. ПА ТАКА, ДЕЛ ОД СНАБДУВАЧИТЕ ПОЧНАЛЕ ДА ГИ РАСКИНУВААТ ДОГОВОРИТЕ СО ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ, МИНИСТЕРСТВА, ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДРУГИ УСТАНОВИ ПРЕД ВРЕМЕ И СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ИМ ФАКТУРИРААТ ПО НОВИ ЦЕНИ. САКАМ ДА ПОТЕНЦИРАМ ДЕКА ПРЕКУ ДОНЕСЕНИТЕ ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ ПОТРОШУВАЧИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ И СНАБДУВАЧОТ НЕ СМЕЕ ДА ИМ ЈА ПРОМЕНИ ЦЕНАТА ОД ДОГОВОРОТ ДОДЕКА ТРАЕ ПЕРИОДОТ НА ПРОМЕНА НА СНАБДУВАЧ, ОДНОСНО ДОДЕКА НЕ СКЛУЧИ НОВ ДОГОВОР. СНАБДУВАЧОТ Е ОБВРЗАН ДА МУ ЈА ФАКТУРИРА ИСПОРАКАТА НА СТРУЈА НА ПОТРОШУВАЧОТ СОГЛАСНО ЦЕНАТА ВО ДОГОВОРОТ ЗА СНАБДУВАЊЕ. ДОКОЛКУ ТОА НЕ ГО ПРАВИ И МАНИПУЛИРА РКЕ ЌЕ ОТПОЧНЕ СО СООДВЕТНИ ПОСТАПКИ. САКАМ ДА ПОТЕНЦИРАМ ДЕКА ОВИЕ ЦЕНОВНИ ДИСТОРЗИИ СЕ ЕВИДЕНТИРАНИ НА СЛОБОДНИОТ ПАЗАР НА ГОЛЕМО, ДОДЕКА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА Е СТАБИЛНА И ГАРАНТИРАНА ОД ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ ЕСМ. УНИВЕРЗАЛНИОТ СНАБДУВАЧ ЈА ИМА ОБЕЗБЕДЕНО ПОТРЕБНАТА ЕНЕРГИЈА, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РКЕ, МАРКО БИСЛИМОСКИ.

Од Стопанската комора за енергетика на Македонија пред две недели предупредија дека ситуацијата е крајно сериозна поради наглото зголемување на цената на електрична енергија на берзите кое може да доведе до зголемување на цената на струјата за граѓаните и компаниите, банкрот на снабдувачите со електрична енергија, па дури и до прекин на електричната енергија во државата.

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, прогласи енергетска вонредна состојба во државата и побара од државата веднаш да реагира за да се спречи енергетска и финансиска криза.

-СО МЕСЕЦИ НАНАЗАД АПЕЛИРАМ ДЕКА ИМАМЕ СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ СО НАБАВКАТА И ПРОДАЖБАТА НА СТРУЈА. КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НЕ ОЧЕКУВАЛЕ ДЕКА ЌЕ ИМА НАГЛО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ. ТОА ПРИДОНЕСЕ СНАБДУВАЧИТЕ ДА ИМААТ СЕРИОЗНИ ЗАГУБИ НА ДНЕВНО НИВО КОИ СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ГИ РАСКИНУВААТ ДОГОВОРИТЕ КОИ ГИ ИМААТ СКЛУЧЕНО СО КОМПАНИИТЕ И ГРАЃАНИТЕ, БИДЕЈЌИ ДОГОВОРЕНАТА ЦЕНА Е ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА ОД ЦЕНАТА ПО КОЈА СЕГА ЈА НАБАВУВААТ СТРУЈАТА НА БЕРЗИТЕ, ИЗЈАВИ ЗА ВЕЧЕР, МАНАСКОВ.

Тој предупреди дека ќе дојде до колапс на енергетскиот сектор поради раст на цената на струјата на берзите над очекувањата. Само за еден ден цената на струјата на европската берза „Худекс“ се искачи на 173 евра, што е над очекувањата од 200 евра за мегават-часови до крајот на годината.

 

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar