October 14, 2021

Гласачкиот материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола замина за Скопје

Четири и пол милиони  гласачки ливчиња, изводи од избирачките списоци и друг доверлив  избирачки материјал,  денеска со силно полициско обезбедување започна да  се дистрибуира од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до 80 општинските изборни комисии и Градот Скопје.

СЕ Е ПОДГОТВЕНО И ДЕНЕС ЌЕ СЕ ДИСТРИБУИРА ЦЕЛ МАТЕРИЈАЛ ЗАТОА ШТО АКТИВНОСТИТЕ ГИ ПОЧНАВМЕ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ СО ЦЕЛ МАТЕРИЈАЛОТ НА ВРЕМЕ ДА ПРИСТИГНЕ ВО СИТЕ ОПШТИНИ. УТРЕ ЌЕ ГИ ПРЕДАДЕМЕ И УРЕДИТЕ ЗА БИОМЕТРИСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ГЛАСАЧИТЕ, РЕЧЕ  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА,  АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ

За овие локални избори  има рекорден број  кандидатски листи  на политички партии, коалиции и независни кандидати, а за печатење на избирачкиот  материјал се потрошени 60 тони хартија.

ОВИЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА ЗАШТИТЕНИ СО НАД 20 ЗАШТИТИ И НЕ Е МОЖНО НИКАКВО ФАЛСИФИКУВАЊЕ, НИТУ ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИВЧИЊА ОД ЕДНО НА ДРУГО ИЗБИРАЧКО МЕСТО,  ЗАТОА ШТО СИТЕ ЛИВЧИЊА СЕ ОБЕЛЕЖАНИ И ЗАШТИТЕНИ. ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ МАТЕРИЈАЛ ПОТРОШИВМЕ ОКОЛУ 40 ТОНИ ХАРТИЈА ЗА ЛИВЧИЊА И ДОПОЛНИТЕЛНИ 20 ТОНИ ХАРТИЈА ЗА ЗАПИСНИЦИ, ВЕЛИ ДРАГИ МИЛОШЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ПЕЧАТНИЦАТА КИРО ДАНДАРО ВО БИТОЛА.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места,  а за првпат полицијата постојано ќе го обезбедува доверливиот избирчаки материјал. Исто така, првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст. На изборите  ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на Ковид.  Еден ден порано, односно во сабота, први ќе гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор и во старските домови.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar