October 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трипати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трипати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде?

-Заев тврдеше дека ја разбрал пораката во 2019 година, кога доби и метла во метафоричка смисла да се реформира. Не само што не се реформираше, туку му се случија Ден Дончев и туцето пари, Рашковски и местените тендери, криминалите во РЕК, и наместо во затвор сите се на слобода. Заев тврдеше дека ја разбрал пораката и во 2020 година. Но што се случи? Тргнаа со Филипче по провизии од вакцини, исчезна името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК. Заев тврдеше дека ја сфатил пораката на народот и во 2021 година. Но што се случи потоа. Му изгореа 14 луѓе живи, а наместо одговорност од Филипче тој рече дека кабелот е виновен, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека Заев три пати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност.

-Заев не си стои до зборот. Заев три пати лаже. Лаже и сега. Заев ништо не сфатил. Тој само лаже за да може да продолжи да краде, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

извор;НЕТПРЕСС

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar