На 23 октомври 1893 година во Солун била основана внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, со цел за извојување автономија на македонија преку револуционерна борба.

По тој повод, Претседателот Пендаровски преку соопштение порача:

-Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Македонија.

Премиерот Заев пак преку социјалните мрежи порача дека како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу македонската револуционерна организација.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак порача дека ВМРО е симболот на македонското единство. под знамето за слобода се обединети сите и Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, сите кои сакале слободна Македонија, да бидат свои на своето.

Празникот беше одбележан и пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје каде делегации на државно-политичкиот врв положија свежо цвеќе во знак на денот на македонската револуционерна борба.