October 23, 2021

ТОП 5 најплатени професии во Македонија: Кој заработува најмногу?

twitter sharing button

Компјутерски програмер во просек зема плата од 73.805 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за месец август.

Секторот „Информации и комуникации“ каде влегува и компјутерското програмирање повторно е број еден по висина на исплатената плата. Според податоците од ДЗС, просечно исплатената плата во овој сектор изнесува 54.893 денари.

Зад „Информации и комуникации“ најплатени сектори се Фармацијата и Воздухопловниот транспорт. Во Фармација просечната плата е 52.353 денари, додека во Воздухопловството таа изнесува 46.729 денари.

Како што покажуваат податоците од Државната статистика, на третото место се финансиските услужни дејности, освен осигурувањето и пензиските фондови, каде просекот за август изнесувал 46.114 денари. Зад нив сеОстанати стручни, научни и технички дејности со просечна плата е 44.944 денари.

Инаку во август просечната месечна плата се зголемила за 4 отсто.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar