October 24, 2021

ВО КОЛУМБИЈА УАПСЕН НАРКОБОСОТ ОТОНИЕЛ, ГО СПОРЕДУВААТ СО ПАБЛО ЕСКОБАР

ВО КОЛУМБИЈА УАПСЕН НАРКОБОСОТ ОТОНИЕЛ, ГО СПОРЕДУВААТ СО ПАБЛО ЕСКОБАРСАД нудеа награда од 5 милиони евра за иформација што ќе доведе до негово апсење. – Наркобосот Отониел (Фото: Кабинет на колумбискиот претседател)

Уапсен е најбараниот шверцер на дрога во Колумбија и лидер на најголемата криминална банда во земјата. Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, беше заробен по заедничка акција на армијата, военото воздухопловство и полицијата.

Колумбиската влада нудеше 800 илјади долари награда за информација за неговата локација, додека САД даваше награда од 5 милиони долари.

Претседателот Иван Дуке имаше телевизиско обраќање по апсењето.

„Ова е најголем удар за шверцот на дрога во нашата земја во овој век. Овој удар се споредува само со падот на Пабло Ескобар во 1990-те3 кажа колумбискиот претседател.

Отониел беше уапсен во провинцијата Антиоква, близу границата со Панама. Претседателот кажа дека еден полицаец загинал во операцијата.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar