November 2, 2021

КОИ СЕ ЧЕКОРИТЕ ДОКОЛКУ СЕ ЕФЕКТУИРА НАЈАВЕНАТА ОСТАВКА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?

Foto

Од оставка на актуелната  влада, со или без нови предвремени парламентарни избори па се до ново парламентарно мнозинство со нов премиер. Сите опции отворени, и се во игра откако вчера Заев по резултатите од локалните избори поднесе оставка од премиерската функција но и од лидерската во партијата.

Дел од аналитичарите и професори по уставно право пак објаснувајќи ја процедурата која претстои периодот велат дека ни малку нема да биде едноставна.  Во телефонски разговор за ТВ 24 универзитетскиот професор Борче Давитковски објаснува дека првото ниво е оставката да биде усвоена во законодавниот дом, за потоа шефот на државата да може  да даде доверба на нов мандатар за формирање влада.

Сепак, според Давитковски во конкретната ситуација најдобро решение е шефот на државата Пендаровски да ги повика лидерите на партиите и да се формира голема влада со цел да не се закочат реформските процеси на земјава.

И аналитичарот Мерсел Биљали вели дека сега е легитимно било која од партиите во собрание доколку има мнозинство да бара мандат од шефот на државата Пендаровски во рок од 20 дена откако претходно собранието ќе ја утврди оставката на Заев и владата која тој ја предводи.

Според одредбите од Уставот, освен избор на нов премиер, ќе треба да се бира и нова Влада, од страна на мнозинството во Собранието. Според челн 93 од Уставот, сега Заев треба писмено да го информира шефот на државата, по што следува постапката за избор на нова влада

Во Деловникот на Собранието пак има два члена кои се однесуваат на оставка на премиер. Еден од нив е  членот 219 од деловникот кој вели:

„Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи.  Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието  ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

По однос на другите можни сценарија некои аналитичари пак го спомнуваат како опција и  актуелното мнозинство во парламентот да си направи влада по примерот кога Бранко Црвенковски замина од премиерската функција и на негово место дојде Хари Костов, а кога и тој си поднесе оставка  од оваа функција, на негово место беше избран Владо Бучковски.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar