November 12, 2021

ЕК: Фискалната консолидација ќе се одложи за некоја година-јавниот долг и буџетскиот дефицит ќе растат

Ниту на Европската комисија не и е јасно како Владата планира да го намали јавниот долг и  буџетскиот дефицит кога амбициозно најавува дека ќе троши повеќе пари од буџетот за јавни инвестиции. Критики  на сметка на Владата за неисполнување на буџетските планови, нереализирањето на  капиталните проекти во есенските макроекономски прогнози за земјава. ЕК предупредува  јавниот долг и буџетската дупка ќе растат. Ќе се одложи за некоја година фискалната консолидација на земјава.

ОЧЕКУВАМЕ ФИСКАЛНАТА КОНСОЛИДАЦИЈА ДА СЕ ОДДОЛЖИ. ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО НАМАЛИ ФИСКАЛНИОТ ДЕФИЦИТ ДО 2023 ДА ГО НАМАЛИ НА 3,5 ПРОЦЕНТИ, НО НИЕ СМЕТАМЕ ДЕКА НАЧИНОТ НА КОЈ ШТО СЕ ОЧЕКУВА ТОА ДА СЕ ПОСТИГНЕ Е ДОСТА НЕЈАСЕН, ОСОБЕНО СО НАЈАВИТЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНО ЈАВНО ФИНАНСИРАЊЕ ОД БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА. ЦЕЛОИСНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПЛАН СМЕТАМЕ ДЕКА НЕ Е МНОГУ ВЕРОЈАТНА СО ОГЛЕД НА НЕИСПОЛНУВАЊЕТО НА ВАКВИТЕ БУЏЕТСКИ ПЛАНИРАЊА ГЕНЕРАЛНО. ВО МИНАТИТЕ ГОДИНИ СЕ  УТВРДУВА ДЕКА ВЛАДАТА ТЕШКО УСПЕВА ДА ГИ РЕАЛИЗИРА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ. ЗАТОА ДОСТА СМЕ КРИТИЧКИ НАСТРОЕНИ ВО ТОЈ ПОГЛЕД, ВЕЛИ ФРЕК ЈАХМААТ, ШЕФ НА ЕКОНОМСКИОТ ОДДЕЛ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ.

Економисјата ќе закрепнува, а ЕК прогнозира дека растот на БДП за годинава ќе  биде 4 проценти. Но од Комисијата велат со тоа се анулира ланскиот пад на БДП. До 2023-та очекуваат просечен раст на економијата од 3,9 проценти. Невработеноста ќе паѓа најмногу поради иселувањето и стареењето на населението. Комисијата препорачува поефикасно собирање на даноците, и проширување на даночната основа.

МОМЕНТНО ИМА НЕКОЛКУ ИЗЗЕМАЊА ЗА ПЛАЌАЊЕ ДАНОЦИ ОСОБЕНО ЗА ОДРЕДЕНИ КОМПАНИИ, КОИ ШТО НИЕ СМЕТАМЕ ДЕКА ТРЕБА КРИТИЧКИ ДА СЕ АНАЛИЗИРААТ, ЗА ДА СЕ УТВРДИ ДАЛИ СЕ ТИЕ СЕ УШТЕ ОПРАВДАНИ. ЗНАЧИ ПОЕФЕКТИВНО СОБИРАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА БАЗА, ВЕЛИ ЈАНМААТ.

ЕК прогнозира 3,3 проценти инфлација за годинава, или повисока од таа на Народната банка која очекува годината да ја завршиме со 3,1 процент инфлација. Во есенските прогнози не се влезени последните случувања на политичката сцена и испадите во РЕК Битола. Сепак Комисијата очекува дека растот на цените е од времен карактер, а состојбата глобално ќе се стабилизира во средината на следната година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar