November 22, 2021

Промоција на проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат”

УСАИД во партнерство со IREX и Македонскиот институт за медиуми, денеска во Скопје ќе го претстават новиот петгодишен проект за медиумска писменост „Младите размислуваат” со што ќе биде означен и почетокот на „Деновите на медиумската писменост“.

Како што информираат ид УСАИД, во фокусот на овој проект е работата со младите со цел да се поттикнат да развијат вештини за критичко размислување и да научат како да ги препознаат проверените информации со што ќе изградат отпорност на дезинформации и ќе придонесат за градење активно и одговорно граѓанство водено од емпатија.

На настанот ќе се обратат амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, директорот на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, Михајло Лахтов, министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи и директорката на МИМ, Билјана Петковска.

Ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу ИРЕКС, МИМ, Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието којшто ќе обезбеди основа за системска интеграција на медиумската писменост и критичкото размислување во наставните програми за основно и за средно образование во земјава.

Во рамки на настанот ќе се одржи и дебата меѓу претставници од различни групи млади кои ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост во образовниот процес и во новото медиумско опкружување.

Во рамки на „Деновите на медиумската писменост“, како што се најавува, оваа година членките на Мрежата за медиумска писменост ќе организираат низа активности на тема „Медиумската писменост за децата и младите“.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar