May 4, 2022

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕД ПОЧЕТОК НА “АКТИВНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО”, ЗА ВЛАСТА ТОА Е ПРОТИВНО НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Foto

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова активна блокада на собранието од 10 ти мај. Целта велат е предвремени парламентарни избори а нивната реакција велат е само одговор на тоа што СДСМ не одговориле на ниту едно од нивните барања.

Лидерот на партијата Мицкоски вели дека блокадите ќе траат се додека СДСМ и Ковачевски не го прифатат барањето за средба и прецизирање на датумот за предвремени избори. Теми кои се на маса и на извршниот комитет на партијата.

Од СДСМ пак денеска возвратија дека не е време за блокади особено во услови на криза и нема да дозволат како што велат деструктивната политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ штетно да влијае на граѓаните и на законите кои се носат во нивна косрист.

Со сличен став и ДУИ. Од каде порачуваат дека ваквото како што го нарекоа институционално насилство од страна на ВМРО-ДПМНЕ не оди во корис на граѓаните.

Од пратеничката група на Алијанса за албанците пак само кратко велат дека дополнително ќе изградат став по однос на новите блокади во собранието кои ги најави и Мицкоски но и велат секое законско решение ќе биде разгледувано со посебно внимание и ќе се оценува неговата важност за граѓаните.

Активната блокада на најголемата опозициска партија ќе се однесува на сите закони кои власта ќе сака да ги донесе освен на оние кои се од особено значење за граѓаните односно исплатата на пензии и плати, но и евентуални покачувања.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar