Во Македонија на повеќе универзитети при запишувањето, таков е случајот и со Битолскиот универзитет Свети Климент Охридски, примените кандидати меѓу другите документи поднесуваат: индекс и студентска легитимација, пријавни листови, три фотографии како и Потврда за уплатени 1.000,00 ден. за функционирање и развој на Универзитетот “Св. Климент Охридски – Битола.

Парите од секој од студентите се уплаќаат на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола, Банка НБРМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ 4002979132007, прихдоно конто: 723012, програма 42.

Ако се пресметаат бројот на студенти и сумата која мора да ја платат се работи за сериозни суми пари од кои според официјални документи на своја сметка голем дел добивале челниците на УКЛО.

Според документите кои се достапни на сите, од студентските пари се офајдиле повеќе членови на менаџментот на универзитетот,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА.

Тие според јавно достапни извори примале пари кои преку услуги и сервиси треба да им се враќаат на студентите за потребите на наставата и развој на универзитетот.

Фондот за функционирање и развој на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, наместо за подобра настава за студентите, според финансиските извештаи, служи за побогати банкарски сметки на Ректорот, проректорот, генералниот секретар и некои ,,подобни” декани.

Имено, овој „фамозен“ фонд се финансира од страна на студентите кои имаат обврска секоја година да уплаќаат по 1 000 денари на сметка на фондот за функционирање и развој на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола.

Средствата кои се собираат во овој фонд треба и мора да служат за неговата цел, а тоа е да им се овозможи на студентите подобро функционирање и развој во рамките на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, а не паричните средства да завршуваат на личните сметки на Ректорот, проректорот, генералниот секретар и некои подобни декани.

Од она што може да се утврди од Порталот „Отворени финансии“ овие средстава завршуваат на сметките на:

РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ САШО КОРУНОВСКИ 1 997 595 МКД;
ПРОРЕКТОРОТ ИГОР НЕДЕЛКОВСКИ 525.953 МКД;
ПРОРЕКТОРОТ ЉУПЧЕ КОЧОСКИ 585 875 МКД;
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР ОФЕЛИЈА ХРИСТОВСКА 226 496 МКД
ДЕКАНОТ НА ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД ЦВЕТКО АНДРЕЕСКИ 158 .800;
ДЕКАНОТ НА ТЕХНОЛОШКО – ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ ВЕЛЕС ТАТЈАНА КАЛЕВСКА 164 800 МКД ;

Најверојатно во обид да ја скријат сумата која месечно ја добивале од студентскиот фонд членовите на управата на УКЛО во текот на еден месец примале повеќе хонорари со помали суми.

Дека овде наведеново е точно слободно може да се увери секој студент и граѓанин на следниов линк – https://open.finance.gov.mk/mk/home.

За конкретни податоците отворете ја страната на „Отворени финансии“ , напишете го името на Ректорот, проректорот или деканот, и наведете го Фондот за функционирање и развој на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола како давател на паричните средства.

Во оваа прилика издвојуваме еден конкретен пример со проректорот Игор Неделковски за кого во извештајот кој е јавно достапен за секого се гледа дека зема пари токму од овој фонд.

Која е основата за тој лично да прима пари платени од студентите засега е нејасно.

За жал наместо овие средства да се користат за да им се олесни студирањето на студентите со тоа што ќе се инвестира во помагала, системи и структури од материјална природа, средствата се узурпираат ненаменски и бенифит имаат само поединци.

Со податоците јавно достапни се поставуваат повеќе прашања за овој, според сите параметри, корупциски скадал:

Дали антикорупциска комисија треба да отвори предмет за оваа проневера?

Дали финансовата полиција треба да влезе на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола и да отворат истрага?

Дали Јавното обвинителство треба да се позанимава со случајот вреден десетици илјади евра?

Дали министерсрвото за образование треба да направи анализа на трошењето на парите собрани од и онака сиромашните студенти на сите универзитети?

Дали автономија на Универзитетот значи дека менаџментот на било кој универзитет може да злоупотребува пари собрани од студентите за свој личен бенефит?

Дел од студентите кои укажуваат на оваа појава на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола велат дека имаат право да знаат како се користат истите и во која цел!

На потег се институциите.

Фото: УКЛО

Izvor:Expres.mk