Студенти на Универзитетот Свети Климент Охридски изразуваат гнев и бес по информациите дека ректорот и повеќе проректори и декани добивале огромни суми пари на лични сметки од фондот во кој тие уплаќаат пари.

Тие не разбираат како можат ректорот, проректорите и дел од деканите да земаат илјадници евра од фондот кој го полнат студентите а во исто време условите за студирање да се како во 19 век.

Студенти на Факултетот за туризам во Охрид испратија слики до expres.mk на кои се гледа огромна дупка на таванот во централниот хол на оваа високообразовна институција.

,,Не грабајте наши пари, затворете ги дупките на таваните да не не врне кога одиме на настава”, пишува студентка до expres.mk која инсистира на анонимност поради страв од одмазда од професорите.

Сами заклучете дали парите од фондот за развој на Свети Климент Охридски требало да завршат во џебовите на менаџментот или за поправка на оваа дупка и други потреби на студентите и факултетите на овој универзитет.

За скандалот во УКЛО заинтересирано и јавното обвинителство

Izvor.Expres.mk