Обвинителството се заинтересирале за случајот во битолскиот универзитет Свети Климент Охридски каде ректорот, проректорот и декани земале огромни суми пари од фондот за развој кој го полнат и студентите.

Просветниот инспектор во пензија Ѓорѓи Илиевски во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа откри дека има информации за активности во Јавното обвинителство во врска со случајот каде раководството на универзитетот добивале огромни суми пари од фонд кој има за цел да донесе до развој на наставниот процес.

Илиевски открива дека еден проректор за околу 24 месеци добил дури 138
хонорари.

Ректоратот на УКЛО се брани дека немало забелешки во ревизорскиот извештај на државната ревизија но не демантираше дека ректорот, проректори и декани добивале сериозни хонорари од фондот кој не е наменет за личен приход на менаџментот.

Целата емисија на овој линк

https://fb.watch/dmMxUzxX9I/

Што се случувало во УКЛО

Izvor:Expres.mk