June 13, 2022

Бислимовски: Сиромашни сме, немаме ниту наш гас, ниту нафта, РКЕ го претстави калкулаторот за електрична енергија

Најпрво ќе има измена на тарифниот систем а потоа ќе се одреди новата цена за електрична енергија, изјавија од РКЕ. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски заедно со професорот од Електротехничкиот факултет, Рубин Талевски го претставија онлјан калкулаторот преку кој граѓаните ќе можат да проверат колку трошат и колку плаќаат струја во моментов, а колку ќе плаќаат доколку струјата се подели во блокови.

Потрошената електрична енергија од евтината тарифа не влегува во блок тарифите. Бислимовски рече дека се трудат да имаме тарифен систем кој ќе ги реши проблемите бидејќи земјава е сиромашна со енергетски ресурси.

Највисоки сметки за струја ќе плаќаат граѓаните кои трошат над 420 киловат часови во високата тарифа, додаде Бислимовски,а новиот тарифен блок за две недели треба да стапи на сила. Талевски објасни дека повеќето домаќинства на месечна база трошат од 300 до 700 кв/ч во текот на зимата а помалку во лето.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar