June 13, 2022

АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ЧИНОНАЧАЛСТВУВАШЕ ВО ХРАМОТ „СВЕТА ТРОИЦА“ НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Foto

Каде е Томосот? Одговорот на ова прашање е во рацете на Вселенската патријаршија, која и покрај заедничката литургија на вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, не ја прогласи македонската црква за автокефална. Со заедничката литургија, само се потврди дека ОА конечно не е расколничка, но не и автокефалноста.

Ова прашање го повтори и поглаварот Стефан, кој на денешната богослужба во црквата „Св. Тројца“, на плоштадот Таксим посочи дека МПЦ-ОА е автономна црква под јурисдикција на Вселенската патријаршија.

Но, додека се разрешува дилемата дали Томосот од СПЦ значи самото по себе автокефалност на МПЦ-ОА, или ќе треба да се чека одлука на Вселенската патријаршија, експертите велат, заедничката литургија која архиепископот Стефан ја одржа на македонски јазик е историја.

Универзитетскиот професор Зоран Матевски пак, за ТВ24 вели – Заедничката литургија е најголемиот ден во историјата на МПЦ-ОА.

Во меѓувреме, до признавањето од сите православни цркви, ќе се решава и моментот, како ќе се именува црквата, Дали само Охридска архиепископија, но не се исклучува и Охридска архиепископија-МПЦ или пак актуелниот назив МПЦ-ОА. Сепак Матевски вели, македонската црква е раноапостолска црква, а МПЦ е една од најважните православни цркви во светот.

Вчерашната заедничка богослужба во седиштето на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул доаѓа откако на 9 мај, МПЦ беше канонски призната, а кратко потоа, СПЦ по петдеценски спор ја призна автокефалноста на македонската црква.

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar