August 4, 2022

Кина истрела серија балистички ракети околу брегот на Тајван

 

Кина лансираше неколку балистички ракети Донгфенг во водите околу североисточниот и југозападниот брег на Тајван, почнувајќи од 13:56 часот по локално време (06:56 часот по Гринич), пишува Ројтерс, кој се повикува на извор од тајванското Министерство за одбрана.

Ракетите Донгфенг се оние со кои управува Кинеската Народноослободителна армија.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека активирало поврзани одбранбени системи како одговор на лансирањето, додавајќи дека ја осудува ирационалната акција на Кина, која го уништи регионалниот мир, објави Ројтерс.

Аналитичарите за Би-Би-Си велат дека можно сценарио е Кина да се подготвува да истрела балистички ракети  кои можат да паднат многу блиску до брегот на Тајван.

Тоа го направи Кина во 1996 година, последен пат кога тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј станаа толку лоши. Но, овој пат, кинеската армија е многу поблиску до Тајван.

Постои загриженост и поради фактот што една од зоните на истрел е на исток од Тајван во Тихиот океан.

Така, аналитичарите велат дека е можно Кина да се подготвува да истрела ракета над Тајван. Тоа би се сметало за големо нарушување на воздушниот простор на Тајван.

 

Share this:

About admin

admin

  • Website
  • Email

Add Comment

Skip to toolbar