Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска упати отворено писмо до претседателот на собраниксата Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски со кое бара пратениците да го изгласаат предлог-законот за земјоделско земјиште за да не се создава, како што пишува Николовски, правен вакум во продолувањето на договорите за закуп на земјоделско земјиште. Откако ресорното Министерство за земјоделство не им ги продолжило договорите за закуп на земјоделско земјиште, земјоделците од здружението Овчеполски фармер денеска доставија писмо до Министерството, со ултиматум дека, ако до утре до 14 часот никој од надлежните не им објасни дали договорите ќе се продолжат и на кој начин, земјоделците од ова здружение ќе излезат на протести.
Во писмото, Николовски ја потенцира потребата од донесување на предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка затоа што, вели Николовски со тоа ќе се надмине правниот вакум што се создава во случаевите на продолжување на важењето на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост поради истек на времетрењето на договорот.
„Потребата за уредување на оваа правна празнина е нагласена бидејќи во пракса за оваа група на граѓани реално постојат законски пречки, кои директно зависат од други одредби, предмет на други закони, кои директно влијаат во оневозможувањето за остварувањето на нивните права загарантирани со овој закон. Имено, согласно Изборниот законик, со денот на донесување на одлуката за распишување на избори земјоделците се соочуваат со проблем при продолжување на договорите за закуп, што негативно се одразува на земјоделското производство, но и на остварувањето на правата на финасиска поддршка од Програмата за финасиска поддршка во земјоделството. Имајќи предвид дека Собранието на седницата, одржана на 28 февруари 2024 година одлучи законот да се донесе по скратена постапка повикуваме Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство како матично работно тело да закаже седница на која што ќе се расправа по предлогот на законот. Со ова писмо Министерството повторно апелира и ја потенцира неопходноста на проактивно учество на законодавната власт во овој процес, имајќи го предвид интересот на државата за земјоделството како еден од клучните сектори, неговото мултидимензионално значење и обезбедување на одржливост на руралните средини, а во насока на креирање и носење на сеопфатни, одржливи и долгорочни политики од областа на земјоделството, шумарството и водостопанство“, му напиша Николовски на Димовски во отвореното писмо испраатено и до медиумите.
Откако ресорното Министерство за земјоделство не им ги продолжило договорите за закуп на земјоделско земјиште, земјоделците од здружението Овчеполски фармер денеска доставија писмо до Министерството, со ултиматум дека, ако до утре до 14 часот никој од надлежните не им објасни дали договорите ќе се продолжат и на кој начин, земјоделците од ова здружение ќе излезат на протести.