Мечка нападнала турист од Данска на Шар Планина

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место.

Related posts

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме на Свтиклиметовата смиреност и милост

БЕЗБЕДНОСТ, ЕКОНОМИЈА И ЕВРОПА БЕЗ УСЛОВУВАЊА Власта со амбициозен план до 2030 година

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род