МВР СО ДЕТАЛИ: Има ли пропусти во истрагите за Вања и Панче?

Од МВР денеска соопштија дека биле извршени внатрешни проверки во СВР Скопје и СВР Велес на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР притоа не нашол основа за покренување на дисциплинска постапка.

„Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување“, стои во соопштението на МВР.

Министерот Тошковски претходно изјави дека дал наредба да се истражи дали полицијата постапувала согласно полициските процедури и стандарди откако во јавноста се појавија сомнежи дали доцна се побарани снимки од камерите и дали навремено се барало возилото на Жежовски кое подоцна е искористено за грабнувањето на Вања.

Related posts

Кос: Преку шест милијарди евра од Инструментот за реформи и раст до значителен развој за Западниот Балкан

Меџити до Таравари: Ти не ја напушташ, ти ја предаде Владата

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници